Просечната плата во септември изнесувала 20.779 денари

Bez autora
Nov 27 2012

Просечната исплатена нето-плата во септември по вработен во Македонија изнесувала 20.799 денари. Во однос на истиот месец лани, просечната плата се зголемила за 0,6 отсто, или за 20 денари, додека во споредба со претходниот месец платата се намалила за 186 денари. Најголемо зголемувањето на просечната месечна плата на годишно ниво имало во секторите: Стручни, научни и технички дејности (12,2 отсто), Други услужни дејности (11,1 отсто) и Земјоделство, шумарство и рибарство (4,9 отсто). Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (4,7 отсто), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (4,1 отсто) и Административни и помошни услужни дејности (2,8 отсто).

Просечната плата во септември изнесувала 20.779 денариПросечната исплатена нето-плата во септември по вработен во Македонија изнесувала 20.799 денари, објави во вторникот Државниот завод за статистика.

Во однос на истиот месец лани, просечната плата се зголемила за 0,6 отсто, или за 20 денари, додека во споредба со претходниот месец платата се намалила за 186 денари.

Најголемо зголемувањето на просечната месечна плата на годишно ниво имало во секторите: Стручни, научни и технички дејности (12,2 отсто), Други услужни дејности (11,1 отсто) и Земјоделство, шумарство и рибарство (4,9 отсто).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (4,7 отсто), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (4,1 отсто) и Административни и помошни услужни дејности (2,8 отсто).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во септември 2012 изнесува 30 556 денари, а во овој месец 2,2 отсто од вработените во Македонија не примиле плата.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik